Нашата позната актерка и без шминка е убавица – пристигнуваат честитки, ѝ го разубавија денот
Ова беше посебен ден за неа

Нашата позната актерка Јелена Јованова-Периќ со својот талент досега многу пати ја има воодушевено својата верна публика.
Но шармантната актерка сега ги воодушеви сите со една фотографија што ја објави, а за тоа имаше посебна причина.
Имено, Јелена деновиве го прослави својот 41. роденден, па сподели една фотографија на која нема ни грам шминка.

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ
Таа воедно и им се заблагодари на сите за преубавите роденденски честитки кои што на актерката и го разубавија денот.
Потсетуваме, Јелена од 2015 година е во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ со кого се запознаа во серијата „Тајни“.

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ
Тие потоа со месеци криеја дека се венчани и тоа беше нивна мала слатка тајна, а речиси никој не знаеше и кога Јелена по втор пат беше бремена, па ги изненади сите и со веста дека се породила.

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ
Тоа се случи минатата година во септември кога откри дека со Стјепан добиле уште едно машко дете, Тома.

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ
Нивниот прв син Јаков, во јуни наполни пет години, a пред неколку недели славеа и 10 годни брак.

Фејсбук/ Јелена Јованова-Периќ
Како изгледаше Јелена и како невеста, но и пред неколку години кога исто така за роденденот објави фотографија без шминка, без филтри и во потполно природно издание, погледнете во продолжение:




