Наши ѕвезди

Нашата поранешна водителка и во шестата деценија мами воздишки на Фејсбук во костим за капење (фото)

Многумина беа изненадени од ова нејзино издание

Advertisement

Поранешната водителка ги изненади сите со овие фотографии

Поранешната водителка Марина Дојчиновска неодамна се врати од одмор на Малдивите каде беше заедно со својот партнер.

Advertisement

Таа таму го помина својот одмор од соништата, а фотографиите што ги сподели тогаш се уште предизвикуваат внимание.

Посебно фотографиите на кои позираше во костим за капење воодушевувајќи ги сите со својот изглед и на прагот од седмата деценија.

Advertisement

Имено, Марина токму на ова место го прослави својот 59-ти роденден, кога беше пријатно изненадена од својот партнер Горан Алачки. Сепак, водителката најголемо внимание привлече со фотографиите на кои позираше во едноделен костим за капење „зачинети“ со големи бели точки, а под овие нејзини објави се уште стојат бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Марина и Горан на овој одмор од соништата се потсетија и деновиве, а причината повторно беше убава и посебна.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Имено, Марина со фотографија од одморот му го честиташе роденденот на Горан кој деновиве наполни 60-години, а и хармоникашот ги изненади сите со фотографијата што ја објави сега на Фејсбук.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Имено, Алачки позираше со папагалче на своето рамо и се пофали дека го добил од својата сакана за подарок.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Инаку, Марина и Горан годинава ќе прослават 10 години љубов, а што ни изјави таа за нивната врска, дознајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button