Нашата пејачка сподели среќна вест и тоа на овој ден – ѝ пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Бојана има преубава причина за славење
![](/wp-content/uploads/2025/02/bojana3.jpg)
Посебен ден за пејачката
Нашата позната пејачка Бојана Скендеровски покрај Денот на вљубените и Св. Трифун денес има уште една причина за славење.
Имено, на Бојана денес и е роденден, па пејачката на својот Инстаграм ги сподели првите честитки што си ги доби.
Пејачката денес го слави својот 41. роденден, па ова секако е посебен ден, но и еден од најромантичните во нејзиниот живот.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Потсетуваме, Бојана се прослави во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“, а потоа и како водителка на емисијата Улица Македонија.
Таа во изминатиов период беше активна со проектот „Македонијо во срце те носиме“ и со песната „Заветна“ што ја препеа.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Пред да е омажи за својот сопруг Васко Скендеровски, таа настапуваше со своето моминско презиме, Бојана Атанасовска.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Тие во ноември оваа година ќе прослават 10 години брак, а круна на нивната љубов се ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Како изгледаше Бојана на денот на нејзината свадба, во преубавата венчаница, погледнете тука, а во продолжение погледнете и детали од нејзиниот минатогодишен роденден и прославата со најблиските.