Нашата пејачка со тажна порака за починатиот брат – и нејзината мајка почина, останаа само спомени
Нејзиниот брат беше тешко болен и почина млад, а неколку години претходно почина и нејзината мајка

Тажен ден за пејачката
Адријана Ацевска веќе долги години е присутна на нашата фолк сцена и важи за една од најбараните македонски пејачки.
Таа својата кариера ја започна како млада, но со забавна музика, а денес е една од најпознатите дами на нашата фолк сцена.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Секогаш ведра и насмеана, оваа исклучителна дама од Битола својата музичка кариера ја градеше со талент и без скандали, а со својата убавина и харизма привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Но и покрај својата успешна професионална кариера, таа во минатото имаше и тежок период кој за неа беше премногу болен.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа пред неколку години го загуби својот роден брат кој почина од леукемија, а претходно од рак почина и нејзината мајка.
Адријана сега со тажна порака и слика што ја објави на своето стори се потсети на својот брат чиј живот згасна летото 2018 година.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
„Како да беше вчера… Поминаа 7 години и се уште боли многу. Те сакам брату мој, до месечината и назад, многу ми недостигаш. Се надевам дека се гордееш со мене како што отсекогаш си се гордеел“, напиша пејачката врз црно-белата фотографија од својот брат Петар.
Тие беа мошне блиски, иако Петар со своето семејство живееше во Шведска. тој почина премногу млед, на 43 година возраст.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Потсетуваме, Адријана веќе долги години важи за една од нашите најпознати пејачки на македонска народна музика.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа по потекло е од Битола, но живее во Скопје, а во својот роден град важи за голема хуманитарка, иако никогаш не се фалела со тоа.
Инстаграм/ Адријана Ацевска
Во текот на својата кариера се има појавено на бројни хуманитарни концерти, а по секоја турнеја во странство задолжително донира пари кога ќе се врати, но ова никогаш не го истакнувала.
Впрочем овие информации ги дознавме од нејзините соработници и пријатели, а што таа самата вели за себе, откријте тука.