Нашата пејачка се снимаше во опуштено издание – ќе се изненадите и од убавината на нејзините ќерки
Гените се чудо

Велевска ретко ја гледаме во вакво издание
Елена Велевска е една од нашите најпознати фолк-пејачки, а за нејзиниот изглед често се зборува и пишува во медиумите.
Таа и во петтата деценија е во топ форма, а многумина за пејачката велат дека никогаш не изгледала поубаво.
Инстаграм/ Елена Велевска
Впрочем тоа може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи каде оваа наша дама плени со својата харизма.
Најчесто ја гледаме во фустани со кои во фокусот ќе го стави своето убаво тело и кои изгледаат како да се само за неа кроени, но мами воздишки дури и во најобични фармерки, кои се нејзиниот омилен избор надвор од „работното време“, во нејзините секојдневни изданија.
Инстаграм/ Елена Велевска
Елена сега се снимаше во спортско опуштено издание, во теретана, но повторно во фокусот беше нејзината вита линија.
Носеше бициклистички и маичка во пастелна виолетова нијанса, како и бели патики од истиот бренд со останатите детали.
Инстаграм/ Елена Велевска
Целото издание го зачини со својата препознатлива насмевка, а косата и беше врзана во високо коњско опавче.
Како Елена изгледаше во ова свое спортско издание во какво навистина ретко ја гледаме, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Елена Велевска
Гените се чудо
Елена Велевска ги изненади сите кога во една пригода во емисијата Качамак се појави својата ќерка Софија.
Инстаграм/ Елена Велевска
Тогаш многумина беа изненадени колку нејзината наследничка личи на мама, но и од тоа што тргнала по нејзините стапки.
Инстаграм/ Елена Велевска
И кога мајката и ќерката се појавија пред камерите и запеаја заедно, гледачите беа и повеќе од воодушевени, посебно од Софија која очигледно го наследила талентот за пеење од својата позната мама, но и шармот.
Инстаграм/ Елена Велевска
Елена со помалата ќерка
Покрај ќерката Софија, Елена од својот поранешен брак со Марјан Мирчески ја има и ќерката Калија како и синот Марко.