Нашата пејачка покажа зошто е една од најзгодните на естрадата – детаљот на нозете го украде шоуто
Позираше покрај елката, но стокмена од глава до пети

Пејачката позираше покрај елката, еден детаљ го украде шоуто
Татијана Стефановска (46) и овој декември работи напорно, но наоѓа време и да ја внесе празничната магија во својот дом.
Таа сега се фотографираше покрај новогодишната елка, но во фокусот не беа лампионите, туку нејзиното неверојатно згодно тело.

Инстаграм/ Татијана Стефановска
Имено, пејачката го покажа своето тело во шик пред-празнично издание, со кое ги воодушеви своите бројни фанови.
Таа позираше во црн сако-фустан, но кој беше толку кус што пејачката го истакна своето згодно тело до максимум.

Инстаграм/ Татијана Стефановска
Посебно што под фустанот носеше светкави црни хулахопки, а целото издание го заокружи со впечатливи црни штикли.
И ако на сето ова ја додадеме и нејзината долга руса коса, врзана во опавче, како и карминот во страсна црвена боја, добиваме комбинација која е топ за овој период од годината, нели?

Инстаграм/ Татијана Стефановска
Потсетуваме, Татијана Стефановска повеќе од една деценија е во брак со музичарот Митко Бежановски.

Инстаграм/ Татијана Стефановска
Тие во 2021 година се остварија во улога на родители, кога сите беа изненадени бидејќи до последен момент не откри дека е бремена.
Но битолчанката за кратко време по бременоста своето тело повторно го донесе во топ форма, па и денес потполно заслужено го носи епитетот една од најзгодните и најубавите наши фолк-пејачки.



