Нашата пејачка остана вдовица на 36 години – ова беше најтешкиот период во нејзиниот живот (видео)
Блага Петреска се ожени на 26 години, а по 10 години почина нејзиниот сопруг и таа остана самохрана мајка
Таа е една од нашите најпознати пејачки
Пејачката Блага Петреска и во осмата деценија од животот плени со својот весел дух и харизма што веднаш се забележуваат.
Многу нејзини песни и денес се големи хитови, а каде и да се појави привлекува внимание со својата грациозна појава.
Важи за исклучително храбра и борбена жена, а денес како што самата откри во една пригода за Гламур, покрај музиката, ужива во шетањето низ паркот, читањето книги и разговор со внуците.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, Блага од нејзиниот брак со бракот со Украинецот Павел Контраденко Павка има син Олег и ќерка Оља.
Принтскрин/ Јутуб
Таа денес од нејзиниот син и ќерка има три внуки и еден внук, а на својот Фејсбук понекогаш знае да сподели моменти со нив.
Фејсбук/ Блага Петреска
И додека нејзиниот син Олег остана да живее во Македонија, ќерката Оља која е новинарка по професија, живее во странство.
Принтскрин/ Јутуб
Најтешкиот период
Блага децата ги доби од бракот со архитектот со потекло од Украина, со кого се ожени во 1973 година.
Принтскрин
Истата година се раѓа и нејзиниот син Олег, а две години подоцна и ќерката Оља кои Блага ги одгледа како самохрана мајка. Имено, нејзиниот сопруг Павел ќе почине по 10 години, во пресрет на новата 1983 година, и тоа додека Блага беше на турнеја во Канада.
„Таа, 1982 година, беше најуспешна во мојата кариера, а последните неколку години пред тој случај беа период на најсреќен семеен живот“, изјави Блага во една пригода сеќавајќи се на овој период од животот.
Но и покрај тоа што се соочи со најголемата трагедија во животот, Блага не само што не се откажува од песната, туку и во следните години ќе го доживее најголемите успеси и врвот од својата слава.
Фејсбук/ Блага Петреска
Гордоста на баба
Паралелно со својата музичка кариера, таа е и грижлива мајка за која семејството отсекогаш било центарот на светот.
Фејсбук/ Ана Кондратенко
По нејзини стапки ќе тргне и нејзиниот син кој денес е професор и диригент, а извонредна виолинистка е и нејзината снаа.
Имено, Олег е оженет со убавата виолинистка Украинка Ана Кондратенко, а и нивните две ќерки Леона и Летиција се занимаваат со музика.
Тие свират виола, а со музиката другаруваат од најмали нозе, што може да го видите и од видеото во продолжение…