Нашата пејачка остана вдовица многу млада – ги изгуби и ќерката и сопругот, но денес ова и дава сила
И по толку години пејачката не може да ги преболи ќерката и сопругот кои загинаа во сообраќајна несреќа...

Но животот продолжува, а нејзиниот мелем беше музиката
Пејачката Благица Калева во 2002 година стана вдовица кога во страшна сообраќајна несреќа го загуби сопругот.
Во несреќата загина и нивната помала ќерка Викторија, а пејачката и денес не може да се помири со големата загуба.

Фејсбук/ Благица Калева
Беше мажена со струмичкиот музичар Костадин Калев – Дине, со кого покрај Викторија ја имаа и ќерката Марија.
Но и покрај големата загуба, Благица не се предаде ниту на момент и храбро продолжи да чекори во животот.

Фејсбук/ Благица Калева
Денес најголема радост во нејзиниот живот се внуката Софија и внукот Виктор кој наскоро треба да наполни две годинки.
Пејачката внучињата ги доби од својата ќерка Марија и зетот Борче, а денес тие и се најголема радост во животот.

Фејсбук/ Благица Калева
Посебно емотивни се моментите кога пејачката ќе ги забележи во публиката на некој нејзин настап, како на пример кога во една пригода на Фолк фест Валандово на сцената се качи малата Софија и на својата баба и подари букет со цвеќиња. Благица тогаш не можеше да ги сокрие солзите радосници, а само неколку месеци претходно, се роди и Виктор.
Благица тогаш по втор пат стана баба, а нејзиниот внук го доби името токму по нејзината ќерка која почина во несреќата.

Принтскрин/ Јутуб
Подеднакво емотивен беше и моментот кога Благица, само неколку години претходно, победува на истиот фестивал.
Пејачката тогаш настапи со песната „Горда мајка“ посветена на нејзината ќерка Марија, а сцените кога таа се појави на бината и ја гушна својата мајка остануваат засекогаш во сеќавањата на публиката.

Принтскрин/ Јутуб
Благица настапува и денес и со својот милозлив глас ги опива љубителите на убавата македонска песна, а како изгледа, погледнете од фотографиите во галеријата

Фејсбук/ Благица Калева
Во прашање е еден нејзин настап заедно со Влатко Миладиноски, но на кој ќе се појави и нејзината внукичка Софија.
Па, уживајте во преубавото видео…



