Нашата пејачка изгледаше како божица во ова издание – блескаше од глава до пети, сите гледаа во неа
Кога се појави сите гледаа во неа
Нашата позната фолк-пејачка, Стојне Николова, овие денови се појави во уште едно издание за кое сите зборуваат.
Станува збор за нејзиниот преубав сребрен фустан со сирена крој и зачинет со бисери и светкави детали, а во кој пејачката изгледаше како најпознатите светски ѕвезди на црвениот килим на Оскарите.
Стојне ова издание го носеше на годинешниот Прилеп фест, а целата приказна ја заокружи со елегантна фризура и преубава шминка со кои пејачката ја истакна својата природна убавина во полн сјај.
Инстаграм/ Стојне Николова
Тесниот сребрен фустан со проѕирниот детаљ на деколтето изгледаше ептен провокативно, а убавата Стојне во него блескаше од глава до пети и ги воодушеви сите кога се појави.
Инстаграм/ Стојне Николова
И додека во сребрениот фустан никого не остави рамнодушен, само еден ден подоцна Стојне повторно блесна, само овој пат во „all-black“ издание. Но пејачката со овој мал црн фустан што го носеше им покажа на сите дека изгледа убаво во секое издание и им освојува симпатии.
Инстаграм/ Стојне Николова
Овој пат во прашање беше мини-фустан со суптилно деколте и без ракави, па пејачката комбинацијата ја подигна на едно друго, позаводливо ниво и со високите чизми што ги носеше.
Инстаграм/ Стојне Николова
Тесниот фустан го истакна во преден план нејзиното беспрекорно тело, а истото го направи и неколку дена претходно.
Инстаграм/ Стојне Николова
Па, погледнете го и ова нејзино издание за кое исто така се уште се зборува, па во коментарите кажете ни кое од овие три комбинации на нашата позната пејачка ви се допаѓа најмногу.
Инстаграм/ Стојне Николова
Па, сребрено, црно или црвено, прашањето е сег?