Наши ѕвезди

Нашата пејачка имаше посебна причина за славење – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Посебно место, посебна жена

Advertisement

Пејачката славеше роденден на едно многу интересно место

Нашата пејачка Андријана Јаневска реши овој продолжен викенд во периодот пред празниците да ги помине надвор од Македонија.

Advertisement

Таа ги спакува куферите и овие декемвриски денови замина на патување во Австрија, каде ќе помине неколку дена.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели и една фотографија пред споменикот на Гете во центарот на Виена, но за тоа имаше уште една посебна причина.

Имено, таа на ова место го прослави својот 44 роденден, па за тоа ги извести и своите фанови на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Следуваа бројни честитки и убави желби, а Андријана откри дека конечно остварила една нејзина дамнешна желба.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Имено, пејачката сподели фотографија од галеријата на музејот Белведере каде е изложено делото Бакнеж на Густав Климт.

„Конечно ја видов“, напиша Андријана под објавата на која се гледа ова непроценливо дело на познатиот сликар.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Посебна жена

Потсетуваме, Андријана не е само пејачка, туку и единствениот доктор по науки меѓу пејачките, како и факултетска професорка.

Таа е и прва виолина, но и одличен познавач на мото-спортот и возењето мотор и е хоби, така што навистина е посебна жена.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа е и сопруга и мајка, а со Драган Гиновски Гино е во брак од 2009 година и имаат два сина, Димитар и Кристијан.

Таа минатата година ја доби и наградата за Најдобра пејачка на светот, за која што во една пригода изјави:

„Да бидам искрена, не очекував дека таа вест толку бргу ќе се прошири. Вообичаено новитетите околу мојата кариера ги споделувам на мојот ФБ профил, па оттаму порталите го презедоа постот кој стана вирален. Инаку, тоа беше светски натпревар помеѓу изведувачи од многу земји. За да се пријавам таму добив покана, а за финалистите одлучуваше жири. Потоа, десетте финалисти меѓусебно гласавме, па ми беше чест што токму колегите и конкурентите ме изгласаа“, откри тогаш Андријана за Гламур.

Целото интервју со Андријана прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button