Наши ѕвезди

Нашата пејачка БЕЗ шминка и во костим за капење – целиот Балкан зборува за ова досега невидено издание

Познатата Македонка ги изненади сите со најновата објава

Advertisement

Речиси никогаш не сме ја виделе во вакво издание

Нашата позната пејачка Калиопи букле ги изненади своите фанови од целиот Балкан со фотографиите што ги сподели.

Advertisement

Имено, Калиопи речиси никогаш сме немале прилика да ја видиме разголена, но овој пат пејачката ги изненади сите.

Инстаграм/ Калиопи

Пејачката направи едно селфи на плажа, облечена во костим за капење и со темни очила за сонце на лицето.

Advertisement

Таа покажа како ужива и дека решила неколку дена да одмори, а ова нејзино издание предизвика бура од реакции.

Инстаграм/ Калиопи

Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, а Калиопи како и многу пати досега, покажа дека нема никаков проблем да позира без грам шминка на лицето, со нејзината препознатлива насмевка.

Инстаграм/ Калиопи

Потсетуваме, Калиопи зад себе има два брака, а од првиот има и син кој веќе е возрасен и живее во Швајцарија.

Инстаграм/ Калиопи

Таа по разводот од композиторот и текстописецот Ромео Грил се врати во Македонија, а по некое време повторно се омажи.

Но и вториот брак на Калиопи со актерот Васил Зафирчев не траеше долго, а пејачката денес е во многу добри односи и со двајцата.

И како што самата Калиопи во една прилика откри, таа и Ромео во брак не можеле да издржат ни 10 години, но затоа во музика се повеќе од четири децении и се уште функционираат одлично.

„Во суштина тој е непроменлив, но она што е сменето се некои негови навики, однесување… Имам чувство дека е помек, потрпелив… Позабавен!😊 Но веројатно и моите лични промени довеле до тоа, заедно да растеме одново во тој наш свет на споделување. Особини кои најмногу ги почитувам кај него се – доследноста, мудроста, човечноста и професионалноста“, изјави Калиопи за Ромео во една пригода за Гламур зборувајќи отворено за овој потполно необичен спој кој и денес складно функционира во музичкиот свет.

Целото интервју со Калиопи прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button