Нашата нова „Гранд“ ѕвезда се огласи и сподели важно соопштение – еве и што се случи по финалето
Еве што се случуваше откако беше прекинато финалето на „Ѕвездите на Гранд“

Беше лудо и незаборавно
Откако беше прекинато финалето во „Ѕвездите на Гранд“, натпреварувачите направија луда забава во еден локал.
Тие се собраа сите заедно и покажаа дека со пријателство и песна можат да се пребродат сите бродоломи во животот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
За микрофонот се фати и Никола Станишиќ, единствениот финалист од нашата земја во популарното музичко шоу.
Како изгледаше нивната забава, погледнете во продолжение:
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Потсетуваме, големото финале од „Ѕвездите на Гранд“ беше прекинато заради протестите што се случуваа во Белград.
Инстаграм
Финалето беше прекинато непосредно пред првиот пресек на гласовите, така што овие гласови ќе важат и за следната емисија.
Како што објави и самиот Никола, единствениот финалист од Македонија, и оние што веќе гласале 20 пати од еден ист број, гласовите ќе им важат и повторно ќе можат да гласаат од истиот број.
Инстаграм
Никола исто така напомена и дека финалето продолжува оваа сабота, и дека почетокот од емисијата ќе биде ист.
„Се иде исто од почеток, да не ви е чудно, тоа што го отпеавме во првиот пресек ќе се прикаже уште еднаш бидејќи во Србија не се емитуваше воопшто, после тоа продолжуваме во живо до крај“, напиша Никола заблагодарувајќи им се на оние што веќе гласале.
Инстаграм
Како изгледаше Никола во финалето, но и еден од неговите најдобри настапи во шоуто, потсетете се во продолжение:
@nikolastanisik Продолжуваме во САБОТА!! 05.07.2025 21:00h 14 на 145333. (МАКЕДОНИЈА) Nastavljamo u SUBOTU!! 05.07.2025 21:00h 14 na 1010 (SRBIJA) #nikolastanisic #singer #zvezdegranda #fyp
@nikolastanisik Aj da bese strela pesnata.🎙️ #nikolastanisic #singer #fyp #ZvezdeGranda #viralllllll
@nikolastanisik Ptico Bela.🎙️ #nikolastanisic #singer #fyp #ZvezdeGranda #viralllllll