Наши ѕвездиСтил

Нашата најубава водителка во едноставна и женствена креација што ќе биде голем хит ова лето (фото)

Нешто што може да го носите како преку ден, така и навечер...

Advertisement

Што и да облече, изгледа прекрасно...

Нашата позната водителка и поранешна манекенка, Ведрана Ѓорѓевиќ, сподели неколку фотографии со кои сите ги изненади.

Advertisement

Таа повторно покажа дека жена може да изгледа најубаво и кога не претерува со стилот, но кога знае да погоди директно во целта.

Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ

Ведрана тоа овој пат го направи избирајќи го вистинскиот фустан за овој период од годината, а во кој изгледаше феноменално.

Advertisement

Станува збор за креација со кусо здолниште и горен дел кој ја следи линијата на телото, со волуменизирани куси ракави, но севкупниот впечаток беше дека ова е школски пример за едноставност со која не може да останете незабележани.

Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ

Ведрана со ова издание го истакна своето убаво тело и исончаниот тен, но во исто време покажа и совршена летна дневна комбинација.

Топ фустан за топлите месеци

Комбинацијата на женственоста и практичноста го прави овој фустан идеален за топлите летни денови – може да го носите ако одите на кафе со пријателките во градот, но и на вечера покрај море или додека уживате во вечерната забава во хотелот во кој сте сместени, а може да го носите и на некој летен настан.

Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ

А тоа дека Ведрана навистина блескаше во ова издание, може да се заклучи и од бројните позитивни коментари што ги доби.

Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ

Впрочем како и под секоја своја фотографија што ќе ја сподели, посебно кога наместо фустан, ќе облече костими за капење.

А како Ведрана неодамна изгледаше и во едно вакво издание, додека се опушташе покрај базенот, погледнете тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button