Нашата најубава спортистка во венчаница го покажа трудничкото стомаче, никогаш не била посреќна
Едина блеска во венчаницата и со заобленото стомаче
Поранешната кошаркарка Едина Муса (33) се омажи за Александар Димитровски – Мачка (44), кој исто така беше кошаркар.
Тие веќе некое време се во емотивна врска, а Александар претходно седум години беше во брак со пејачката Тамара Тодевска.
Тие своето судбоносно „да“ го изговорија претходниот викенд, а на свадбата беа присутни бројни наши познати лица.
Инстаграм/ Едина Муса
Неколку дена по свечениот чин Едина сподели уште неколку интересни фотографии од нивната свадба.
Инстаграм/ Едина Муса
На сите нив таа изгледа прекрасно додека позира во белата венчаница, а во фокусот е нејзиното трудничко стомаче кое таа го држи со рацете, па под фотографијата го напиша и следново:
„Јас секогаш ќе те држам“, стои врз ова прекрасно издание на Едина со кое убавата спортистка никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Едина Муса
Потсетуваме, Едина пред неколку месеци ги изненади сите кога откри дека е во блажена состојба, но и дека носи машко бебе и дека веќе му го избрале името. Како што напиша таа под една од своите претходни објави на социјалните мрежи, бебето ќе се вика Максим, а Едина одвај чека да се оствари и во оваа улога во животот.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа и покрај тоа што е бремена редовно вежба во теретана, па затоа и бременоста освен стомачето воопшто не и се познава.
Инстаграм/ Едина Муса
Како Едина изгледа и во ова свое фит издание, облечена во спортска опрема и додека прави вежби што се пригодни за бремени жени, а за кои вели дека и’ придонесуваат да се чувствува поубаво, погледнете тука.