Нашата најпозната водителка се потсети на денот кога ја запросија?! Еве како изгледаше Лила тогаш
Ова беше најубавиот Ден на вљубените во животот на Лила? Беше запросена, еве што се случи...

Познатата водителка ги изненади сите со фотографијата.
Една од нашите најпознати водителки, Лила Филиповска, за Денот на вљубените ги почести своите следбеници со посебно издание.
Станува збор за фотографија на која таа позираше во крајно заводлив фустан, но и во романтично опкружување.
Облечена во креација што потсетува на ноќница, Лила позира со насмевка и во рацете држи балон на кој пишува: „Те сакам!“.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И додека едни беа збунети на прв поглед од ова „опасно“ издание на Лила, како заради нејзиниот изглед, така и од пораката, водителката ги потсети своите следбеници дека ова не е нова фотографија.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Мојата слика за секој Св. Валентин“, напиша Лила откривајќи дека ова објава е наменето само за нејзините фанови.
Како Лила, која е позната како некој што постојано води сметка за својот физички изглед, изгледаше во ова свое „валентинско“ издание, со заводлив поглед и раскошното деколте, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, водителката на социјалните мрежи досега речиси никогаш не споделила ниту една фотографија со некој свој партнер.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа својот љубовен живот го крие како змија нозете, а зад себе има два брака, а од првиот го има синот Филип.
Потсетуваме, Лила пред неколку години, кога всушности настана оваа фотка, ги изненади сите и со пораката што ја објави.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш сподели и една фотографија на која се пофали со прстенот што го има на раката, а во описот напиша: „Дали да кажам ‘да’“.
Но ден-денешен остана мистерија од кого водителката тогаш ги доби овие црвени балони во форма на срце и преубавите ружи, иако многумина се посомневаа дека таа веќе кажала „да“ штом го носи скапоцениот прстен на раката.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Тогаш медиумите објавија вест дека Лила по трет пат ќе застане на лудиот камен, па дали сега Лила со оваа фотографија сака да пренесе порака до некого или едноставно само се пошегува на своја сметка, останува да видиме.
Како и да е, нејзините фанови се воодушевени од ова нејзино издание, па Лила повторно доби дузина лајкови.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем како и под многу нејзини фотки со кои оваа дама знае како да ги почести своите верни фанови…