Нашата модна дизајнерка низ солзи во очите раскажува за двете бремености низ кои поминала

Една од омилените модни дизјанерки во Македонија, штипјанката Маја Кикириткова на својот инстаграм профил има бројни следбеници и често со нив споделува за нејзиниот приватен живот.
Покрај тоа што ја прикажува својата фантастична работа таа е блиска со своите следбеници и сака да им покаже со што се соочува како жена, да ги сподели проблемите и предизвиците.
При тоа да утеши некој или да му помогне на некој кој има сличен или ист проблем.
View this post on Instagram
Advertisement
За мајчинството често зборувала низ медиумите, но неодмана во емисијата „Мамавизија“ си ја отвори душата и за двете бремености.
View this post on Instagram
За тоа како едно по друго во период од две години таа морала да се породи и со синчето и со ќеркичката предвремено со царски рез.
– И кога бев бремена со Лазар и кога бев бремена со Ева имав уредна бременост дури и вежбав, бев активна. Но и во двата случаи во 34 гестациска недела ми се случи истото, прокрвавев обилно. Првиот пат не сфаќав што ми се случува и не бев испалшена, но вториот пат испаничив затоа што знаев низ што ќе поминувам пак. За среќа и двете бремености поминаа добро и деенс моите деца се живи и здрави – вели таа.
View this post on Instagram
Кикириткова во емисијата открива која била причината зошто и се случиле овие непријатности и детално објансува за случајот.
При тоа таа открива за тоа како изгледа животот на мајка на две мали деца која работи во старнство, дали тоа и преставува потешкотија. Таа е универзитетски професор во Приштина.
– Сега веќе не, бидејќи се навикнав. Но еве ќе споделам со јавноста дека на почетокот уште пред да имам деца патувањето за Приштина ми преставуваше серизна експедиција, одев со автобус и цел ден го губев. Кога се роди Лазар бидејќи немаше кој да го чува, сите тројца заедно со сопругот одевме на факултет, таму го доев, ме чекаа, па се враќавме, беше тешко, но ете и тоа помина – вели таа.
View this post on Instagram
Мајчинството не е лесно, но е многу убаво, Кикириткова раскажува и за тоа колку им е забавно со двете дечиња дома.
View this post on Instagram
Погледнете го целиот разговор со прекрсаната Маја Кикириткова на следното вдео.