Наши ѕвездиСтил

Нашата Лила никогаш поубава, како Моника Белучи во најубавите години – и банкарот ќе се воодушеви

За некои и педесеттите се нови триесети...

Advertisement

Прекрасна како и секогаш!

Според многумина Моника Белучи е најубавата актерка на целиот свет, која и денес изгледа како да има дваесет години.

Advertisement

Но она што Моника Белучи е за светот, тоа за нас е Лила Филиповска, една од најубавите водителки од нашите мали екрани.

Принтскрин/ Јутуб, Се или нешто

Имено, Лила и во шестата деценија плени со својот шарм и енергија, а во едно од своите последни изданија навистина и наликуваше на светската филмска дива, посебно заради еден детаљ на неа.

Advertisement

Станува збор за фотографии што Лила ги направи во Бразил, а на кои носеше преубаво фустанче со бели точки.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Токму ваквите фустани и се омилени и на една од најубавите жени на светот, а мораме да признаеме дека овие дамски точки и стојат феноменално и на македонската телевизиска дива, Лила.

Станува зор за тренд кој жените го обожаваат, а Лила го заокружи со црвен кармин и тренди црвени очила за сонце.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Изгледаше фантастично додека ноншалантно позираше, а белите точки на целото издание му додадоа доза на елеганција.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Овие сними и фотографии Лила ги направи во Рио, а ги воодушеви сите и со пораката што ја остави под нив.

„Тука секој залез звучи како самба, а секој здив мириса на слобода. 🇧🇷. Секој агол дава поинаква перспектива , и имаш чувство дека постојано се наоѓаш на некое друго место. Весели луѓе, море каде и да се свртиш, храна на која не можеш да одолееш и секако самба во текот на целиот ден… Рио“, напиша Лила на својот профил на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button