Наши ѕвезди

Нашата Кајла од Австралија сподели среќна вест – ѝ пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Пејачката славеше роденден

Advertisement

Кајла е Македонка која живее во Австралија, но која важи за мошне талентиран пејачка на која и предвидуваат блескава кариера.

Таа живее во Мелбурн и снима фолк-песни на македонски јазик, а многумина за неа велат дека е новата Васка Илиева.

Advertisement

И како што и самата досега многупати истакнала, таа ја обожава македонската народна музика, но и нашата традиција, па своето потекло секаде каде што настапува го преставува со гордост.

Фејсбук/ Кајла К.

Таа досега има снимено неколку авторски фолк-песни, а неодамна ги изненади сите со песната испеана и инспирирана од родното село на нејзините баба и дедо, Сирула, со наслов „Личен Илија“.

Advertisement

Кајла е мошне активна и на социјалните мрежи, а сега сподели и една убава вест со која доби бројни реакции од фановите.

Фејсбук/ Кајла К.

Имено, оваа млада дама го прослави својот 17 роденден, па на социјалните мрежи објави фотографија и им се заблагодари на сите од кои пто во изминатиов период добивала поддршка.

„Со сите вас пораснав и ви благодарам од срце за вашата бескрај а поддршка, Кајла“, напиша таа на фотографијата.

Фејсбук/ Кајла К.

Позираше со насмевка и блескаше од среќа, а пред неа беше тортата на која се гледаа свеќи во форма на бројот 17.

Фејсбук/ Кајла К.

Пејачката овој важен ден од нејзиниот живот доби бројни честитки, а како изгледаше, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Кајла К.

Потсетуваме, Кајла е македонско девојче од Австралија која од мали нозе е игроорка и вокалист во КУД Никола Карев од Мелбурн.

Таа досега има настапувано и во Македонија, а во една пригода, на свои 14 години, настапи со својата песна во Охрид, облечена во традиционална македонска носија, и со гордост пееше дека „Македонка мајка ја родила, далеку од Австралија, и дека добро знае од каде и се корените“ (видеото погледнете го тука).

„Кое име во срца го носиме, кое знаме во душите ни вее“, пееше тогаш Кајла на Интернационалниот фестивал во Охрид.

Нашата позната водителка моментално ужива на својот заслужен одмор на едно од најубавите места на светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button