Нашата Јуле го покажа телото – изгледа гром и по две бремености! Не сте ја виделе во вакво издание
Објави фотки од одморот, ги воодушеви фановите

Нашата позната пејачка покажа како ужива
Македонската пејачка Јуле Николовска во последно време често привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.
Таа сега реши да покаже како ги минува летните месеци, а нејзините објави и овој пат не можеа да поминат незабележано.
Инстаграм/ Јуле Николовска
Имено, Јуле веќе со години води сметка за својот изглед и тренира, што може да го видиме и со секое нејзино појавување.
Кога е на сцена, Николовска секогаш е тип-топ средена и блеска во своите модни приказни, а често знае да заигра и на картата на провокацијата и повторно да предизвика бројни воздишки.
Инстаграм/ Јуле Николовска
Но Јуле очигледно и кога не е н сцена привлекува внимание и мами воздишки посебно кога ќе се покаже во едно вакво издание.
Таа сега се огласи н социјалните мрежи и го покажа своето вито тело на кое многу колешки можат да и завидуваат.
Инстаграм/ Јуле Николовска
Облечена во интересни модели на костими за капење, пејачката направи неколку летни фотографии и сите ги воодушеви.
А тоа колку води сметка за својот изглед откриваат и овие изданија со кои таа ги почести своите верни фанови.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Јуле Николовска
Потсетуваме, Јуле повеќе од две децении е на нашата музика сцена и зад себе има бројни хитови, а има снимано и за „Гранд“.
Инстаграм/ Јуле Николовска
Таа за познатата продукција сними три песни, а покрај својата кариера таа е успешна и на приватен план.
Инстаграм/ Јуле Николовска
Таа е сопруга и мајка на две прекрасни деца, а за својот изглед вели дека покрај теретана го одржува и со возење велосипед, потоа со редовно пешачење, внесување течности и секако со здрава храна.
Што друго откри за себе Јуле во една пригода во интервју за Гламур магазин откријте на следниот линк:
Платени сме онолку колку што вредиме и колку сме вложиле во нас – искрено со Јуле Николовска