Нашата Гранд ѕвезда во машко сако, а под него – ништо?! Петрушовска си го „заборави“ градникот
Најнајпренајнајубава, коментираат нејзините фанови
Нашата млада музичка ѕвезда Андријана Петрушовска со својата песна „Маније“ го воодушеви целиот регион.
Пејачката во својата кариера вложува многу труд и енергија, но очигледно тоа почна и да и се исплаќа.
Имено, нејзиниот спот за песната „Маније“ веќе се врти во целиот регион, а Андријана се почесто ја гледаме во медиумите.
Принтскрин/ Јутјуб
И тоа не само кај нас, туку и во популарните емисии во соседството, нешто што им се случува на многу малку пејачки од Македонија.
Но покрај нејзиниот нов спот за кој сега сите зборуваат, Андријана сега повторно е во фокусот, но овој пат на социјалните мрежи.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачката своите фанови на Инстаграм ги изненади со провокативна фотографија со која никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Петрушовска отсекогаш добивала многу комплименти на сметка на својот изглед, но и за своите сценски настапи.
Впрочем така беше и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, каде важеше за една од најубавите финалистки, но и дама која секогаш знаеше да заблеска и да ги шармира сите на грандиозната сцена.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но нејзината последна објава буквално ги запали социјалните мрежи, за што сведочат и бројните коментари.
„’Заминувам’ рече Октомври, ‘Време е’, му шепна Ноември“, напиша Андријана под фотографијата на која позираше до долго црвено сако под кое се гледа дека не носи ништо, па со рацете ноншалантно го држеше за да не покаже и повеќе од планираното.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа сакото го комбинираше со куси црни бермуди, а целото издание го „зачини“ со нејзината долга црна коса.
„Најпрекрасна личност“, „Најубава на светот“, „Најубава и најпрекрасна“, „Најнајпренајнајубава“, беа само некои од коментарите што Петрушовска ги доби под ова свое издание.