Нашата фолк-пејачка во овие панталони изгледа како МИЛИОН ДОЛАРИ – никогаш поубава и посреќна
Облече кожни панталони, па позираше на едно од најпознатите туристички места во Рим

Многумина велат дека никогаш не изгледала поубаво
Нашата позната фолк-пејачка, Анета Љумаковска, одлучи да го спои убавото со корисното, па ги изненади сите.
Имено, таа заедно со својата екипа замина во Италија, каде моментално го снима својот нов спот за песната Жена.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Станува збор за песна која што пејачката неодамна ја најави, а сега „падна“ и првата клапа за новиот спот.
Таа сподели и неколку фотографии од снимањето, а како што самата вели, овие моменти со нејзината екипа се вистинско уживање.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Со нивната посветеност, енергија и уметнички пристап, секој момент од снимањето стана вистинско уживање. Ви благодариме што со својата визија и талент ја преточивте емоцијата на песната во слика. До нови заеднички проекти и уште поголеми успеси!!!“ напиша Анета на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на луѓето со кои соработувапе на овој нов музички проект.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Таа потоа сподели и една снимка која што ја направи на популарните Шпански скали во Рим, покажувајќи како ужива во слободното време.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Покрај ова издание, пејачката сподели и неколку направени на улиците во овој италијански град, а повторно во издание со кое привлече внимание. Но пејачката наместо кожни панталони, овој пат носеше кожно здолниште и кожен мантил, а целото издание го заокружи со чизмички со високи потпетици, голем ремен и бела кошула.
Таа цело време позираше гордо, а во коментарите доби бројни позитивни реакции од своите фанови.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Па, кое од овие изданија на Анета ви се допаѓа најмногу?