Нашата фолк-пејачка си седна на брачниот кревет, па го подигна фустанчето – селфи од кое боли глава
Голи раменици и кусо здолниште

Пејачката Стојне Николова ги воодушеви сите со своето последно селфи, но и со снимката што ја сподели.
Пејачката и овој пат носеше фустан во кој изгледше феноменално, посебно на фотографијата што ја направи во спалната соба.
Таа позираше седната на креветот, во тесниот црвен фустан со кусо здолниште, така што во фокусот беа нејзините нозе.
Инстаграм/ Стојне Николова
Пејачката изгледаше поприлично заводливо, а фотографијата ја сподели со нејзината песна „Едно засекогаш“.
Таа и овој пат позираше полна со самодоверба, а во коментарите си доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Инстаграм/ Стојне Николова
Потсетуваме, Стојне во текот на цело лето имаше бројни настапи на кои покажа зошто е една од најуспешните наши пејачки.
View this post on Instagram
Публиката ја обожава, а за разлика од многу свои колешки, Стојне и напорно работи и постојано снима нови песни.
Таа и покрај своите бројни обврски секогаш пронаоѓа време и за социјалните мрежи, а нејзините објави не можат да поминат незабележано. Посебно фотографиите од пред неколку недели, на кои позираше во костими за капење, на кои изгледаше како Грчка божица и со кои се уште мами воздишки.
Како изгледаше Стојне и во ова издание, погледнете тука…