Нашата фолк-пејачка блескаше во кусото фустанче – необичниот детаљ на нозете го украде шоуто
Фустанот беше полн погодок, но и фризурата...

Пејачката блескаше од глава до пети
Познатата фолк-пејачка Адријана Ацевска со својот шарм и префинет стил привлекува внимание каде и да се појави.
Но овој пат на снимањето на една новогодишна емисија, пејачката посебно се потруди и никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Адријана Ацевска
Имено, Адријана знае како да привлече внимание кога се појавува во јавност, пред се со својот женствен моден израз.
Впрочем така беше и овој пат, кога со ова свое издание многу колешки стави во сенка и буквално го украде шоуто.

Инстаграм/ Адријана Ацевска
Пејачката овој пат на снимањето дојде во кусо фустанче од сатен, со детаљ од „пердуви“ во долниот дел, така што акцентот беше на нејзините згодни нозе. Креацијата беше со должина над колена и со тенки прерамки во горниот дел, кои го истакнаа нејзиното раскошно деколте.

Инстаграм/ Адријана Ацевска
Адријана фустанот го комбинираше со салонки со тенки, високи потпетици, а од накит носеше дискретни обетки и огрлица.

Инстаграм/ Адријана Ацевска
Целото издание го заокружи и со дискретна шминка и фризура со која исто така никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Адријана Ацевска





