Наши ѕвезди

Нашата фолк-дива сподели преубава вест – честитки пристигнуваат, Сузе никогаш посреќна (фото)

Ова беше посебен ден за неа

Advertisement

Ем роденден, ем именден..

Нашата најголема фолк-дива Сузана Спасовска вчера го прослави својот роденден во друштво со своите најблиски.

Advertisement

Таа за роденденот сподели и фотографија на социјалните мрежи под која се уште добива бројни честитки од обожавателите.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

„Тивка радост во мене! Денес е и мојот роденден и мојот именден, денес е Света Сузана! За многу години“, напиша Сузана во описот на фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи.

Advertisement

На фотографијата пејачката блеска со нејзината препознатлива насмевка, така што си доби и бројни комплименти.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

Потсетуваме, Сузана е родена во Скопје, на 24 август 1964 година, така што вчера пејачката наполни 61 година.

Таа денес важи за најголема музичка ѕвезда во Македонија, доајен и амбасадор на македонската музика, која уште од 80-тите години ја негува нашата македонска песна, со бројни успеси зад себе.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

Позната е и по своите уникатни настапи и кореографии, и се што има направено досега е непроценливо и неповторливо.

Но покрај нејзината неверојатна музичка кариера, Сузана е и голема верничка, а ги воодушеви сите и со нејзиниот последен албум „Терирем“ со духовната музика за кој вели дека има терапевтска и образовна нота и е со цел доближување на црковната музика до народот.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

„Слава му на Бога, моите нови оригинални и големи проекти се случија во втората половина на 2023-та година како еден златен и сребрен отисок, Терирем и Судбо моја. Терирем е и аудио и видео проект со православни црковни песнопеења, поточно 16 литургиски химни и древни напеви. Тоа е прв проект од овој вид со оваа држава, духовна музика која има терапевтска и образовна нота и е со цел доближување на црковната музика до народот со благослов од нашиот подглавар на МПЦ и во нејзините канонски рамки“, изјави во една пригода Сузана за Гламур, па го додаде и следново:

„Среќна сум, што се повеќе ова CD може да се слушне во црквите и сум благодарна за сите комплименти од стручни лица во црквата околу изборот на напевите и интерпретацијата, бидејќи јас со овој материјал сум на едно поинакво патување низ времето каде излегувам од својата комфорна зона и пеам на една поинаква сцена. Затоа многу ми значеше консултацијата околу оваа поинаква тема со Протопсалтот М-р. Ѓеорги Секуловски кој несебично се вложи со својата стручност, а и со црковниот клирос “Пелагонитиса” како придружба (Бранче Трајковски и Александар Трајковски) Снимено е во студиото Сити Саунд и продуцирано од Љупчо Соколовски. Вториот, е етно проект “Судбо моја” на кој се поместени 10 песни, познати и помалку познати и во нови аранжмански видувања на мојот почитуван колега Александар Јовевски. Отсвирено е во живо од врвни професионалци и снимени во студио Сити Саунд и продуцентот Љупчо Соколовски. За Терирем на 10.10.2023 во храмот Св. Петка во Прилеп се одржа промотивен концерт по повод празникот Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел “, откри тогаш пејачката за проектот со кој ги воодушеви сите.

Целото интервју со Сузана прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button