Наши ѕвезди

Нашата Благица знае како да го носи овој тренд – жена со нескротлив дух, на колешките им одржа лекција!

Пејачката се појави и го украде шоуто...

Advertisement

Ова е еден од оние трендови што никогаш не излегуваат од мода

И покрај тоа што со животинските дезени може и многу лесно да се згреши и да се премине линијата на добриот вкус, нашата позната Благица Павловска покажа дека знае како да го носи.

Advertisement

Имено, Благица на едно од своите последни гостуваа на малите екрани се појави во фустан зачинет со овој дезен и ги изненади сите.

Фејсбук, Благица Павловска

Нејзините фотографии што испливаа на социјалните мрежи воодушевија бројни нејзини обожаватели, а покрај неа позираше уште една наша позната дама, но многу помлада од неа, која исто така блескаше.

Advertisement

Станува збор за Марјана Станојковска, во чија емисија Блага се појави, а и двете добија голем број комплименти за ова издание.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

Жена со нескротлив дух

Посебно Благица која покажа дека и во седмата деценија знае како да излезе на крај со овој дезен и да заблеска во сиот свој сјај.

Таа овој фустан со животински дезен го носеше со црни чизми до глужд со високи потпетици, но и со црни хеланки.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

И додека едни се воодушевени од животинските дезени, а некои пак, ги сметаат за „евтини“ и кич, повеќе од јасно е дека нашата Благица е една од оние кои се воодушевени од ваквиот стил, но и која знае како да го носи, што понекогаш и не е баш така лесна задача.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

Станува збор за дезен кој преставува симбол на нескротливиот женски дух, а Благица со ова свое издание уште еднаш покажа дека е една од оние дами кои не се согласуваат со просечноста и за која не постојат граници, па по кој знае кој пат сите ги изненади.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

Па, од 1 до 10, со колку би го оцениле ова издание на Благица?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button