Наши ѕвезди

Наша позната водителка добива понуди за брак и од НЕПОЗНАТИ?! Еве и како реагира на овие пораки

Под секоја нејзина објава стојат бројни комплименти, а неодамна откри и какви пораки добива во инбокс...

Advertisement

Овој пат познатата водителка се појави во ултра кусо издание

Нашата позната водителка Викторија Петровска на еден настан се појави во издание со кое сите ги воодушеви.

Advertisement

Но Викторија тоа го направи и со фотографијата што ја сликна пред излегување од дома, пред огледалото.

Инстаграм/ Викторија Петровска

Имено, таа на социјалните мрежи во рамките на своите „приказни“ го покажа ова ново провокативно издание, по што следуваа бројни реакции од обожавателите и пријателите што ја следат.

Advertisement

Ем кусо, ем шлиц

Носеше кусо асиметрично здолниште во бела боја, но и шик високи чизмички, така што во преден план ги истакна нозете.

Инстаграм/ Викторија Петровска

И бидејќи реши да заигра на картата на провокацијата, облече и црно боди со кое го истакна своето „деколте“, па застана пред огледалото и позираше занесно како вистински модел.

Понуда за брак од непознато лице?

Потсетуваме, Викторија неодамна беше гостинка во емисијата „Кафе муабети“ кога откри дека на социјалните мрежи многу често добива „скокотливи“ пораки од претставниците на посилниот пол.

Инстаграм/ Викторија Петровска

Таа тогаш откри и дека често добива понуди за брак од непознати, па што се однесува до пораките што ги добива, таа вели:

„Верувам дека секој од нас добил непристојни пораки, но верува дека и жените можеби добиле три пати повеќе отколку спротивниот пол. Но и дека сите добиваме на дневна основа“, вели таа во муабетот.

Инстаграм/ Викторија Петровска

„Последната можеби беше, ‘Ти ќе се омажиш за мене’, од човек којшто не го ни познавам, меѓутоа ете, беше смешно“ сподели водителката.

„Јас читам сé, некогаш ги читам сите пораки добиени во Инбокс, понекогаш се релаксирам со истите“, вели Викторија.

Покрај муабетот околу пораките, таа ни откри и многу други интересни нешта за неа и за нејзиниот приватен, но и професионален живот, па целото интервју може да го погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button