Наши ѕвезди

Наша позната пејачка распали по колешките – „Селото никогаш не излезе од нив“, вели пред камерите

Таа ги изненади сите и со она што го кажа за својата сестра

Advertisement

Пејачката ги поткачи своите колеги од естрадата

Пејачката Тијана Дапчевиќ на почетокот од оваа година го објави својот спот за песната за која пееше за животот на естрадата.

Advertisement

Пејачката сега искрено признава дека мислела дека песната ќе биде хит, но очигледно не ги исполнила своите очекувања.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Нејзиниот спот и по девет месеци нема ни 30 илјади прегледи на Јутуб, иако пејачката била убедена дека ќе биде хит.

Advertisement

Но како што сега вели и самата, нема правила кога се музиката и правењето хитови во прашање, а на прашањето дали некој од колегите и се налутил заради стиховите во песната, Тијана ги изненади сите со одговорот. Имено, во песната се зборува за сето она што се случува на сцената, но и зад неа, од лажните скандали и што сé друго прават познатите за да бидат во фокусот на медиумите и за да ги има што почесто на насловните страни.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

И како што кажува Тијана во „Не е лесно да се биде јас“, за неуспехот на песната пријателите и велеле е дека затоа што била искрена, на што таа вели дека отсекогаш била таква.

„Навистина не ми е гајле дали некој ми се налутил заради тоа, но тоа е факт. Можеби не сега, но кога почнав, имавме еден куп пејачи кои доаѓаа од кал. Немам ништо против селото и селаните, земјоделците, мојот сопруг е земјоделец. Ама тие дојдоа, и сето тоа што дошле од село е супер, ама селото никогаш не излезе од нив.“

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Има и такви кои селото никогаш не ги напушти

„Познавам луѓе кои дојдоа од село и се етаблираа, но има и такви кои селото никогаш не ги напушти. Не само во мојот бизнис, туку насекаде“, изјави пејачка, па го додаде и следново:

„Тоа е насекаде, не само овде, туку и во регионот, во Македонија би рекле ‘Можеш со лопата да ги риеш’“.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Така што, да, јас малку пеев за тоа. Ако некој се пронајде во тоа, тоа не ми беше намерата“, вели Тијана во емисијата.

Инаку, Тијана во моментот е актуелна и со нејзината стенд-ап комедија „Менопауза“, а неодамна ги изненади сите и кога откри дека нејзината сестра и е блокирана на социјалните мрежи и дека се скарани. Но како што вели, тие како сестри често се караат, но и дека токму со неа често се консултира во најразлични ситуации.

„Тоа се случува еднаш месечно сигурно – или таа мене ќе ме блокира или јас неа. Не сум иронична, многу сум сериозна. Моментално е блокирана, а тоа за што се скаравме знаеме само таа и јас, но и ќе биде одблокирана до крајот на денот“, изјави Тијана во нејзин стил.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button