Наша пејачка се сврши како во турските серии, друга – ги „шокираше“ блиските, па дури и својата мајка
Неколку свадби и венчаки за кои се зборуваше во цела Македонија - и црната невеста од Битола!
Неколку настани поврзани со свадби и венчавки на нашите познати личности што ја одбележаа 2024 година
Ни останува уште многу малце од 2024, година за коа претпоставуваме на сите ни се случиле убави работи.
Но за некои од нас ова ќе биде посебна година и нема да ја заборават, а тука пред се мислиме на оние што во изминативе година дена се заколнале на вечна љубов и запловиле во брачните води.
Инстаграм
Да, во текот на оваа година се склучија многу бракови, можеби и повеќе од она што е вообичаено, а сето тоа заради пандемијата.
Тоа секако се однесува и за нашите познати личности кои оваа година решија да „скокнат во тавче“ и да „свртат“ нова страница во животот.
Инстаграм
И додека едни тоа го направија во тајност, други направија свадбени церемонии за кои се зборуваше со денови.
Една од таквите големи свадбени веселби што ја одбележаа годината беше секако свадбата на пејачката Антониа Гиговска.
Инстаграм
Имено, Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцоски Џокер во март оваа година зачекорија под олтарот, откако една година претходно, во јули 2023, се остварија во улога на родители кога им се роди Киан.
Инстаграм
Свадбата беше во еден познат скопски ресторан, а невестата блескаше во раскошна венчаница со цветни детали и бисери.
Инстаграм
Оваа година на вечна љубов се заколна и македонската „Гранд ѕвезда“ Мите Стоилков, кој се ожени со убавата Марија Минова. Тие ги испочитуваа традиционалните обичаи, но истовремено направија и одлична забава за гостите, а веселиот младоженец цела вечер ги „китеше“ со бакшиш своите колеги музичари.
Инстаграм
На свадбата беше и братучедот на Мите, Трајче Горгиев, кој пред неколку години брилираше во Пинковите ѕвездички.
Инстаграм
Мите неколку месеци претходно, односно во ноември 2023 година, ја запроси својата сакана во дворот на Бигорскиот манастир.
Инстаграм
На почетокот од самата година пак, уште една наша поранешна Гранд ѕвезда заплови во брачните води и ги изненади сите.
Принтскрин/ Јутуб
Станува збор за младиот пејач од Велес, Александар Темелков, кој се ожени со својата девојка Сара со која доби и синче.
Инстаграм
Од друга страна, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ се венча во тајност, далеку од медиумите, во присуство на пријателите и најблиските роднини. И таа своето судбоносно „да“ го кажа во волшебниот Бигорски манастир, а фотографиите што по некое време ги сподели на Инстаграм никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм
Водителката се омажи за диџејот Ендру Мелер (Андрија Антиќ), а на венчавката носеше преубава бела венчаница.
Инстаграм
Голем внимание привлече и свадбата на Едина Муса која заплови во брачните води со поранешниот сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка.
Инстаграм
И за нивната свадба се зборуваше со денови, а оние што беа присутни на истата уште долго време нема да ја заборават лудата забава.
Инстаграм
Тие најверојатно побрзаа со свадбата затоа што наскоро очекуваат и принова, а Едина во една пригода го откри и името на бебето.
Инстаграм
Имено, поранешната кошаркарка која блескаше во венчаницата со трудничкото стомаче откри дека бебето ќе го крстат Максим.
Инстаграм
Покрај Едина, уште една наша спортистка привлече внимание со својата свадба на која беа присутни и многу познати.
Инстаграм
Станува збор за убавата каратистка Моника Стефановска која му се заколна на вечна љубов на тренерот по тенис, Илија Мартиноски.
Инстаграм
Моника минатиот ноември се оствари и во улога на мајка кога го роди синот Давид, а оваа година решија да направат свадбена веселба со сите нишани, и тоа на првиот роденден на нивниот син.
Инстаграм
Невестата беше преубава во белата венчаница, а покрај неа блескаше и Илија со својот класичен сив костум.
Инстаграм
И секако во оваа листа ќе споменеме уште една наша Гранд ѕвезда која се уште не направила свадба, но затоа за нејзината веридба пишуваа и медиумите од соседството, па за неа и денес се зборува.
Инстаграм
Станува збор за младата пејачка Мелиса Зијадиќ која по завршување на шоуто направи веридба како во турските серии.
Инстаграм
Мелиса неодамна за Гранд изјави дека наскоро би требало да биде и свадбата, но не сакаше да го открие точниот датум.
И за крај тука сакаме да ја споменеме и Марија Луиса, како некој што неколку пати во изминативе месеци ги збунуваше сите.
Инстаграм
Имено Марија неодамна објави фотографија на која е во венчаница и сите ги изненади, но потоа откри и дека само се шегувала.
Инстаграм
Таа во една пригода дури и се пофали дека го фатила бидермаерот, но потоа откри дека во 2024 била „Single ultra Pro Max“.
Инстаграм
„Сите кои биле со мене во врска после мене се ожениле. Што сум јас, бидермаер?!“, се пошегува атрактивната пејачка во една пригода, па еве, и посакуваме оваа година да и биде поуспешна и кога се бидермаерите во прашање, па и таа да си „рипне“ во своето тавче, но секако не во црн фустан како што си замислува.
Инстаграм
Имено, Марија во преписка со својата мајка и испрати слика со која покажа како би сакала да изгледа како невеста. Но нејзината мајка беше шокирана што на сликата е црн фустан, па преку порака и порача дека нема да и дојде на свадба, по што Марија се пошегува, во нејзин стил, па и напиша дека заради неа ќе остане немажена.
Инстаграм
Но, никогаш не вели никогаш, нели?