Наша пејачка постојано добива понуди за брак – со фотографиите на Инстаграм ги изненади сите
Македонската пејачка Стојне Николова откри дека има доста додворувачи, но и дали го пронајде вистинскиот...

Горат мрежите од оваа изјава на нашата пејачка
Пејачката Стојне Николова во последно време се почесто привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.
Ова секако се однесува и за нејзините интересни модни приказни со кои постојано ги привлекува погледите на машкиот род.

Инстаграм/ Стојне Николова
Посебно кога во текот на летото ќе споделеше по некоја фотографија на која е во костим за капење, па ќе следуваа бројни реакции од нејзините верни обожаватели, воодушевени од шармот на оваа дама.
И токму затоа и не чуди што пејачката покрај јавните пофалби, често се случува и да добие понуди за брак од непознати лица.

Инстаграм/ Стојне Николова
И како што самата изјави неодамна во емисијата „Кафе муабети“, пејачката овие понуди ги смета за комплимент.
Таа беше потполно искрена и откри дека не еднаш и се случило од непознати мажи да добие понуда за брак и да ја пофалат јавно.

Инстаграм/ Стојне Николова
Но Стојне исто така откри и дека и е време да се мажи, но и како изгледа принцот од нејзините соништа.

Инстаграм/ Стојне Николова
Познатата пејачка која со својата насмевка и шарм разоружува, искрено сподели и дека би сакала да се оствари во улога на мајка, но зборуваше и за многу други работи од својот приватен живот.
Целото интервју со Стојне погледнете го во продолжение:
На следната страница погледнете и неколку Инстаграм изданија на Стојне со кои таа ги изненади сите….




