Наш познат пејач за една вечер заработил преку 12.000 долари?! Ваков бакшиш НЕ се заборава (видео)
Ме пренаградија луѓето, вели познатиот фолк-пејач

Нашиот познат фолк-пејач во една пригода зборуваше отворено за бакшишот и она што го откри ги шокираше сите.
Борче Наумовски, познат и како Борче Министерот, во една пригода зборуваше отворено за најголемиот бакшиш во неговиот живот.
Како што самиот вели, не сака да се слика со бакшиш и тоа да го објавува на социјалните мрежи, но нема проблем кога тоа ќе го направат некои други, најчесто гости на некоја веселба на која настапувал.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Но како што откри во една пригода, најголемиот бакшиш што го добил бил на една веридба во Австралија.
Пејачот тогаш настапувал сам, како „one man“’ бенд, а кога ги расположил гостите го пренаградиле со навистина голема сума.

Фејсбук/ Борче Наумовски
„Еве ќе кажам, нескромно е, ама ете. Во еден ден сум заработил 12.500 долари. Сам. На веридба, во Перт. Тоа беше некаде 2005 -2006 година. И тоа стварно беа, и сега се големи, а и тогаш беа многу, уште поголеми.. Сам, како ‘one-man’ бенд, со клавијатури, луѓето ме пренаградија. А сум заработувал така слични цифри и на други свадби, низ Европа, не само во Австралија“, изјави Борче неодамна во емисијата „Кафе муабети“ на јутуб каналот на Гламур.
Потсетуваме, Борче претходната недела на „Фолк фест Роса 2025“ ја изведе својата најнова песна „Моја љубов, моја судбина“.
Песната веднаш привлече внимание и ја воодушеви публиката, посебно кај претставничките на понежниот пол.

Фејсбук/ Борче Наумовски
Текстот од песната е на Валентин Соклевски, додека музиката и аражманот на Кирил Стојчевски.
Новата песна на Борче преслушајте ја во продолжение…



