Кожа и ноктиШминка

Наш избор, пристапна цена – три најдобри покривни пудри за совршен тен оваа пролет

Издвојуваме три течни пудри по наш избор што совршено се спојуваат со кожата, а достапни се по пристојна цена во нашите козметички продавници и парфимерии.

Advertisement

Тешките, мат пудри што ги сакавме во зима сега одат на пауза, бидејќи со доаѓањето на пролетта сè повеќе посегнуваме по полесни текстури што ѝ овозможуваат на кожата да дише и оставаат свеж изглед. Тоа значи дека во фокусот се формули кои совршено се спојуваат со тенот и даваат ефект на здрава и блескава кожа – како воопшто да немате пудра.

фото-принтскрин

Сепак, пронаоѓањето на идеалниот пудер може да биде вистински предизвик, бидејќи бараме производ што совршено ќе „легне“ на кожата, ќе изгледа речиси незабележливо, а истовремено ќе покрие и изедначи сè на лицето.

Advertisement

Притоа, најважно е да одговара на типот на кожа – да не ги истакнува сувите делови, да не се топи од лицето, да не ги затвора порите и да не остава масен слој.

На пример, за сува кожа најдобро се погодни пудри со хидратантни состојки, како хијалуронска киселина, која спречува затегнување и нагласување на сувите делови. Од друга страна, масната кожа бара лесни, но матирачки формули што го контролираат сјајот без чувство на тежина, додека комбинираната кожа најдобро реагира на балансирани формули што не сушат премногу, ниту ја засилуваат Т-зоната.

За чувствителната кожа, која најтешко наоѓа совршен пудер, важно е да се изберат производи без иритациски состојки, кои ќе дадат лесно покривање со смирувачки ефект.

Advertisement
принтскрин

Но, подготовката на кожата пред нанесување на пудрата можеби е и најважниот чекор, бидејќи токму од неа зависи како ќе изгледа крајниот резултат, без разлика на квалитетот на самиот производ. Сè започнува со хидратација – лесна хидратантна крема е одличен избор, бидејќи ќе ѝ даде на кожата доволно влага и ќе создаде идеална основа за пудрата.

Ако сакате дополнително да ја изедначите текстурата на кожата или да го продолжите траењето на пудрата, можете да нанесете и прајмер, но важно е да одберете формула што одговара на вашиот тип кожа.

При нанесување, помалку е повеќе – течната пудра најдобро е да се нанесува во тенок слој, а по потреба да се надоградува. Можете да го тапкате со сунѓерче или да го нанесувате со четка, а особено внимавајте на премините, како што се рабовите на лицето и пределот околу носот и усните.

Во продолжение издвојуваме три течни пудри по наш избор што совршено се спојуваат со кожата.

CATRICE Nude Drop Tinted serum

принтскрин

RIMMEL LONDON Lasting Finish

фото-принтскрин

BOURJOIS Clean & Vegan Healthy Mix

принтскрин инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button