Македонската фолк-пејачка во издание со кое им ја ЗАСКОКОТКА ФАНТАЗИЈАТА на многумина (фото)
Ретко ја гледаме во вакво издание
Познатата македонска фолк-пејачка покажа како се носи еден од најпопуларните модели на фустани за оваа сезона…
Нашата позната пејачка Елена Велевска објави неколку фотографии со кои ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Пејачката едноставно блескаше во посебната креација која е одличен избор доколку сакате да бидете во центарот на вниманието.
Но покрај прекрасниот вечерен аутфит со кој пејачката сите пријатно не изненади, таа никого не остави рамнодушен и со својата линија.
Елена на својот Инстаграм сподели фотографија на која носи црн фустан со пердуви во кој изгледаше поубаво од кога било досега.
Пејачката ги воодушеви сите со ова свое издание, покажувајќи како се носи еден од водечките трендови за ова пролет.
Имено, фустаните со пердуви и оваа сезона се голем хит во светот на модата, така што воопшто не се сомневаме дека креацијата што ја носи Велевска ќе ви биде во мислите пред секоја забава што ви претстои.
Елена целото издание го заокружи со огрлица со необично голем крст, големи обетки и впечатливи салонки со високи потпетици, додека лицето и беше покриено со големите црни очила за сонце.
Елена во ова издание изгледа поприлично задоволна од самата себеси и сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
„Убава дама“, „Сензуална и секси“, „Секогаш убавица“, беа само некои од коментарите што таа ги доби на сметка на својот изглед.
Бонус галерија
Топ 5 мали црни фустани од Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго