Направија хаос, па сега сите зборуваат за нив – македонските Гранд ѕвезди хит и во Војводина
Ова беше настан за паметење

Направија хаос во Војводина
Познатиот рокер Ѓорѓе Давид имаше одличен настап заедно со поранешната победничка во „Ѕвездите на Гранд“.
Познатиот рокер Ѓорѓе Давид кој веќе со години е дел од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ деновиве имаш одличен настап заедно со Славица Ангелова, некогашната победничка во емисијата, и Александар Јосифовски, вицешампион кој исто така пред две години беше дел од неговиот победнички тим.
Инстаграм/ Ѓорѓе Давид
Имено, тие настапија на манифестацијата „Ратково мој свет“, а како изгледаше дел од нивниот настап погледнете во продолжение:
Имено, Славица сподели неколку фотографии од нивниот заеднички настап кој ја воодушеви нивната тамошна публика.
Инстаграм/ Славица Ангелова
Станува збор за манифестација на која со години традиционално настапуваат рок бендови, а како што изјави самиот Ѓорѓе за „Гранд.онлајн“, за него преставува често што ќе ја дели сцената со двајца исклучително добри македонски вокали на кои им бил ментор.
Инстаграм/ Александар Јосифовски
Поранешната победничка во популарното шоу Славица Ангелова сподели и неколку фотки од настанот, а сите ги воодушеви и со своето интересна комбинација со која се појави на сцената.
Носеше тренди црни фармерки и црн корсет преку боди, а целото издание го заокружи со шик сандали со високи потпетици.
Како изгледаше погледнете во продолжение: