Направете сами: За оваа велигденска декорација потребен ви е само картонот во кој ги купивте јајцата
Се ближи Велигден, еден од најголемите христијански празници, а иако сме во изолација, тоа не значи дека не можеме да го прославиме радосно како и секоја година.
Сите сме навикнати да купуваме велигденски декорации, но сега, кога продавниците се затворени или работат со скратено време, можеме да станеме малку креативни. За оваа декорација потребен ви е картонот во кој ги купивте јајцата.
Исечете го картонот така што ќе ви остане горниот дел со вдлабнатината во која стоело јајцето.
Потоа тенкиот дел исечете го во триаголен облик.
Со пенкало или маркер нацртајте око и вашата креација е готова!
Дали и како ќе го декорирате понатаму, останува на вас. Можете да го избоите или да му додадете перја во боја – се’ останува на вас и на вашата имагинација. А можете да го оставите и ваков, затоа што и без дополнителни декорации изгледа убаво, креативно и интересно.