Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Направете сами домашна крема за бричење на нозете

Реклама

Дали и вие спаѓате помеѓу оние жени кои несаканите влакна од телото ги отстрануваат исклучиво со бричење?

Ако вашиот одговор е потврден, тогаш сигурно ќе ве заинтересира овој рецепт за домашна крема кој можете да го подготвите сосема брзо и лесно.

Маркетинг

Потребни состојки:

  • 700 грама кокосово масло
  • 70 грама шеа путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици благ течен сапун

Начин на подоготовка:

Стопете го кокосовото масло и шеа путерот. Мешајте одвреме-навреме за да го забрзате процесот. Потоа додајте го и маслиновото масло, па мешајте додека не се соединат состојките. Таквата смеса префрлете ја во подлабок сад, а најдобро е тоа да биде некоја тегла, па ставете ја во фрижидер. По одредено време извадете ја од фрижидерот, па почнете да матете со рачен миксер. Додајте го течниот сапун и матете додека не добиете кремаста смеса. Сместете ја кремата во сад со капак, па чувајте ја во фрижидер.

Напомена:

Состојките во кремата имаат долг рок на траење, така што можете да ја користите и неколку месеци. Но, доколку дојде во контакт со вода, тогаш брзо ќе се уништи. Затоа, бидете внимателни и чувајте ја кремата подалеку од тушот или од чешмата.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button