Чиниите на ѕидовите можат да бидат неверојатно добар декор.
Можат да се вклопат во било кој стил, но идеални се за големи и празни ѕидови, за кои не знаете како да ги исполните и украсите.
Покажете ја својата порцеланска збирка или закачете ги чиниите со мотивите од местото каде сте летувале и внесете свежина во својот дом.
Иако многумина на оваа идеја би реагирале негативно, дека е старомодна, дизајнерите со своите идеи дефинитивно го имаат побиено таквиот став. Освен што многумина ќе се потсетат на носталгичните денови од детството, кое го поминале во бабината кујна, со овие неколку модерни идие, во својот дом ќе внесете дел од носталгијата, но и дел од карактерот.
Погледнете ја добро фото галеријата и кажете ни дали ви се допаѓаат овие предлози?