Направете го ова утре за среќа во домот – го славиме светецот кој одговара секому што ќе го повика
Одговара на секоја молитва, но што значи утрешниот празник и како да се дочека утрешниот ден со благослов во домот.

Свети Мина, великомаченикот и заштитникот на сите кои трпат неправда, кои патуваат, кои се соочуваат со судски маки, неправди на работа, напуштеност или кражби, се слави на 24 ноември според православниот календар.

Верниците го почитуваат како брз и милостив помошник, светител за кого се верува дека „не остава човек да чека“, туку одговара на молитвите токму тогаш кога најмногу боли.
Advertisement
Житието раскажува дека Свети Мина по потекло бил Еѓипќанец и по занимање војник во римската војска. Кога ја спознал христијанската вера, без двоумење ја оставил војската и се повлекол во планинска осама, живеејќи како подвижник. По извесно време, се спуштил во градот Катуанија, каде јавно ја исповедал својата вера во Христа. Кнезот Пирос, слушајќи за неговата смелост, наредил најстрашни маки – стругање со железни четки, тепање, горење со оган, а на крај го погубиле со меч. Неговото тело било фрлено во оган, но христијаните успеале да спасат дел од моштите и над нив во Александрија подигнале храм. Свети Мина се упокоил околу 304 година и од тогаш до денес се слави како чудотворец, зашто преданието вели дека се јавувал како воин на коњ да ги брани верните и да им помогне на обезправените.

Малкумина знаат дека токму во Белград, во храмот на Свети великомаченик кнез Лазар на Звездара, се чува чудотворната икона на Свети Мина, на која според бројни сведоштва се случиле исцелувања, избавувања и неочекувани пресврти. Во книгата „Чуда Светог Мине“, авторот Јован Јањиќ запишал дека илјадници луѓе пред оваа икона нашле утеха, спасение од опасност или мир по години мака.
Едно од највпечатливите сведоштва го дал лекар кој за време на сложена операција добил ненадејно „внатрешно предупредување“ кое му го спасило пациентот. Сам признава дека во тој миг не помислил на Бога, но подоцна дознал дека мајката и тетката на девојчето цело време се молеле пред чудотворната икона на Свети Мина во црквата веднаш до болницата. Тој момент, како што сведочи, можел да биде тенка линија меѓу живот и смрт – и токму тогаш нешто го повело кон исправниот потег.
Верниците веруваат дека Свети Мина особено реагира на искрена молитва за правда, за здравје, за враќање на нешто што е украдено, но и за наоѓање предмети кои се загубени, како и за заштита во пат или за избавување од неправда.
Се смета и за заштитник на напуштените, поради што многумина токму нему му се обраќаат кога имаат лични болки што не се зборуваат гласно.

За утрешниот празник, традицијата препорачува во домот да се внесе нешто ново и чисто – дури и мало свежо цвеќе или зимзелено гранче – како знак на мир, обновување и заштита.
Добро е да се запали свеќа за здравје, да се прочита кратка молитва или едноставно со свои зборови да му се каже што ви тежи. Се верува дека токму Свети Мина најбрзо одговара кога човек бара заштита од неправда.
Денот на Свети Мина е повик да се застане, да се побара сила и да се отвори срцето. Многумина сведочат дека токму во миг кога надежта изгледала најтенка, овој светител им испратил знак, решение или мир што не можеле да го најдат никаде на друго место.



