Хороскоп

Направете го ова утре за да се ослободите од психички маки и вознемиреност – го славиме заштитникот на луѓето кои сакаат да најдат мир, особено по семејна болка

Павле Припрост денес се смета за заштитник на оние што страдаат од психички и духовни маки, немир, внатрешни искушенија, вознемиреност, но и на луѓе кои сакаат да најдат мир по семејна болка.

Advertisement

Утре, на 17 октомври, го чествуваме преподобен Павле Припрост. Тој живеел до својата шеесетта година во светот, како оженет човек, мирен и скромен, без посебни амбиции. Но еден ден, затекнувајќи ја својата жена во грев, се потресол до длабочината на својата душа.

Наместо да се разгневи или да се одмазди, тој тивко ја оставил куќата, семејството и сè што имал, и се упатил во египетската пустина, кај свети Антониј Велики, барајќи духовен мир и нов почеток.

Advertisement

Кога дошол кај свети Антониј, големиот подвижник првично се двоумел да го прими. Павле бил прост човек, неписмен, без образование, и изгледал како некој кој не би можел да го поднесе тешкиот монашки живот. Но неговото смирение било толку длабоко, а неговата послушност толку искрена, што Антониј видел дека Бог го довел овој човек не случајно. Го примил како ученик и го облекол во монашка облека.

принтскрин јутјуб

Од тој момент, животот на Павле станал постојана молитва, труд и тишина. Деновите ги поминувал во работа, ноќите во молитва. Не знаел да зборува убаво, не читал книги, но во неговото срце горела таква чистота што самиот Бог му дал дар да ги гледа душите на луѓето – нивната светлина или темнина, нивната болка, вера или заблуда.

Луѓето го нарекле Припрост, но во неговата едноставност се криела небесна мудрост.

Advertisement

Со времето, Павле станал голем чудотворец. Исцелувал болни, тешко обземени луѓе и оние што страдале од духовни маки.

Едно од најпознатите чуда се случило кога излекувал човек опседнат од зли духови, иако многумина се обиделе без успех. Свети Антониј, гледајќи го тоа, рекол: „Бог не ги слуша учените зборови, туку чистото срце.“ Од тој миг го почитувал Павле како рамноангелен брат.

До длабока старост останал во пустината, смирен и тивок, без да бара ништо за себе. Починал околу 340 година, во длабока старост, и се преселил во ангелската радост.

Повикајте го за да ве заштити

принтскрин јутјуб

Павле Припрост денес се смета за заштитник на оние што страдаат од психички и духовни маки, немир, внатрешни искушенија, вознемиреност, но и на луѓе кои сакаат да најдат мир по семејна болка.

Заштитник е и на бракови во искушение, затоа што неговиот живот почнал токму со семејна болка што ја претворил во духовно воскресение.

Заштитник е и на сиромашните и прости луѓе, кои со вера и смирение бараат Божја милост.

Што треба да направите за да се ослободите од вознемиреност

На денот на свети Павле Припрост, православните верници се советуваат да помислат на сите што им згрешиле и да им простат, како што и тој ѝ простил на својата жена.

Во православната традиција, на неговиот ден, 17 октомври, се советува да се помолиме за мир во душата, да им простиме на оние што нè повредиле и да направиме добро дело. Може да се прочита и молитва за простување и духовно исцеление:

„Господи, како што Ти го прослави Твојот слуга Павле, така очисти ме и мене од гнев, гордост и немир, и исполни ме со Твојот мир.“

Павле бил ученик на свети Антониј Велики, па затоа нивните поуки се преплетени. За крај, вреди да се прочитаат неколку мисли што свети Антониј ги оставил како наследство за сите што бараат духовен пат:

„Доаѓа време кога луѓето ќе полудат, и кога ќе видат некого што не е полуден, ќе му речат: ти си безумен, зашто не си како нас.“

„Човекот треба да се плаши од своите гревови повеќе отколку од ѓаволот, зашто ѓаволот нема сила над оној што се покајал.“

„Кој сака да се спаси, нека се плаши од гордоста и нека ја љуби тивкоста.“

„Не кажувај ништо за себе, добро или лошо. Молчи и остави делата да зборуваат.“

„Кога срцето ќе се очисти, тогаш човекот го гледа Бога во сè, во луѓето, во светлината, во воздухот, во тишината.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button