Хороскоп

Направете го ова денес за среќа и здравје во семејството – го славиме светецот што ја прорече казната Божја за непокајаните гревови

Дадете прилог во црква денес за да измолите милост од светителот и од Бога за своето семејство.

Advertisement

На 30 октомври православните верници го чествуваат Пророк Осиј, еден од пророците во Стариот завет, кој живеел во северното Израилско царство во 8 век п.н.е., од племето Исахар.

Осија ја носе Божјата порака за покајување, прекин на идолопоклонството и возвраќање кон вистинскиот Бог.

Advertisement

Во православието се препознава како човек што го прорекол доаѓањето на Исус, крај на жртвените закони и на старите обреди, и ширење на знаењето за Бога за сите народи.

принтскрин јутјуб

Според народните верувања, денот носи и специфични обичаи и знаци за домаќинството и природата. На пример, ако на овој ден мачката цел ден спие, значи дека зимата ќе биде топла.

Исто така, се вели дека денес треба да се избегнуваат нови почетоци, посебно во работа, занает или започнување и потпишување важни договори, на тој начин се чува стабилноста во домот и се избегнува несреќа.

Advertisement

Во некои краишта се спомнува и обичајот да се дава прилог за црква, како акт на благодарност и застапување пред Бога и пророкот, така семејството добива благослов и поддршка.

принтскрин јутјуб

Што можеме да направиме денес? Да го искористиме овој ден како време за саморазмислување и затворање стари прашања, да ги стишаме апетитите за уште повеќе работа, докажување и пари, и да се насочиме кон едноставни, но значајни дела.

На пример, да се помолиме: „Господи, преку застапништвото на Пророк Осија, прими ја мојата благодарност и подари ми мир и вистинско покајание,“ и потоа да направиме мал чин на конкретна добрина, да се помогне на сосед, да се даде мал прилог, да се направи нешто што долго се одложувало.

Тајната е во тоа што преку неговото застапништво се слушаат оние молитви кои се кажани со искреност, покајание и желба за промена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button