Направете ги овие две работи денес за здравје на блиските – го славиме пророкот заштитник на благосостојбата на семејството
Православните христијани денес го чествуваат Светиот пророк Јона, познат како заштитник на здравјето и благосостојбата на семејството и блиските.

Според преданието, Јона живеел околу 800 години пред Христос и бил син на вдовица од Сарапета Сидонска.
Бог го повикал Јона да им проповеда на жителите на Ниневија, да се покајат и да бараат прошка, но Јона во почетокот се плашел и побегнал на брод. Тогаш со снашла силна бура, а Јона побарал од луѓето на бродот да го фрлат во морето за да ја смири бурата. Бог испратил кит да го проголта Јона, каде што тој останал три дена и три ноќи. Во утробата на китот, Јона се молел, се каел за својата непослушност и благодарел за Божјата милост.

По спасувањето, Јона ја прифатил Божјата заповед и им проповедал на жителите на Ниневија. Традицијата го гледа неговото тридневно престојување во утробата на китот како предобраз на тридневното престојување на Христос во гробот, а спасението на Јона од китот како симбол на воскресението на Христос.
Денот на Свети Јона се поврзува со заштита на здравјето и благосостојбата на блиските. Верниците обично се молат за здравје на семејството, избегнуваат кавги и непотребни ризици, и посветуваат внимание на добри дела и прошка кон другите.
Покрај пророкот Јона, денес се чествува и Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски, кој се подвизувал во христијански добродетел и го утврдувал верниот народ во верата. Според преданието, Фока пострадал за Христа во времето на царот Трајан, и неговата маченичка смрт се смета за пример за храброст и вера.

Што да направите денес за здравје и благосостојба во домот
Според православната традиција, денес е поволно да се извршат неколку работи за кои се верува дека ќе донесат здравје, хармонија и духовна чистота во домот:
Чистење на домот
Извршете темелно чистење на домот, особено на кујната и бањата, како симбол на духовно прочистување.
Запалете свеќа
Запалете свеќа во домот, особено во просториите каде што се собира семејството, како знак на Божјата светлина и благослов.
Молитва за здравје
Изговорете молитва за здравје и благосостојба на вашето семејство и дом.
Донација на храна
Донарајте храна или средства на оние кои се во потреба, како чин на милосрдие и благодарност за Божјата добрина.
Избегнување на конфликти
Обидете се да избегнувате конфликти и напнатост во домот, создавајќи атмосфера на мир и љубов.
Што да избегнувате денес
Избегнувајте прејадување
Не се препорачува прејадување или консумирање на тешка храна и алкохол, бидејќи тоа може да влијае на здравјето и благосостојбата.
Не се препорачува работа со земја
Некои верници практикуваат да не работат со земја денес, како знак на почит кон светителот и одмор.