Психолошкиот трилер е жанр на кинематографијата што посветува значајно внимание на истражувањето на психологијата на ликовите, а заплетите користат бројни пресврти на настани кои ја држат публиката во неизвесност во текот на целата приказна.
Доколку сакате да ги поскокоткате нервите и да гледате добар филм во недела, Томс гвајд (Tom’s Guide) нуди три од најдобрите психолошки трилери од платформата за стриминг Нетфликс кои ќе го зграпчат ваѓето внимание од првата минута и нема да ве пуштат до крај.
Intrusion (Упад)
Instrusion е американски психолошки трилер филм од 2021 година, во режија на Адам Салки, по сценарио на Кристофер Спарлинг, и со Фреида Пинто и Логан Маршал-Грин во главните улоги.
Филмот ги следи животите на Мира Парсонс и нејзиниот сопруг Хенри кога се преселуваат во мал град во Ново Мексико за да го направат својот нов дом. Главниот лик е среќен, таа неодамна закрепна од тешка болест и е подготвена за нов живот. Меѓутоа, во одреден момент непознати лица упаѓаат во нивната куќа.
Сопругата се обидува да се справи со последиците од инвазијата и почнува да се сомнева дека оние околу неа не се онакви какви што изгледаат. Дури и нејзиниот сопруг е под сомнеж. Тежината на заканата за Мира не е лесно да се предвиди, што доведува до шокантен и вознемирувачки крај што гледачот нема брзо да го заборави.
The Woman in the Window (Жената на прозорецот)
Американски трилер филм од 2021 година во режија на Џо Рајт заснован на истоимениот роман на Даниел Мелори.
Заплетот се фокусира на осамената Ана Фокс, поранешен детски психолог која страда од напади на агорафобија. Таа долго време не го напушта станот, злоупотребува алкохол и апчиња и поминува долго време гледајќи ги животите на нејзините соседи од нејзиниот прозорец.
Главниот лик станува сведок на страшните настани што се случиле во семејството Расел, каде мајката на семејството исчезнува. Но, кој би поверувал на осаменик со скршена психа која не може да се опорави од сопствената мистериозна траума од минатото.
Ова е психолошки трилер со необичен пресврт на крајот.
Во филмот играат Ејми Адамс, Фред Хечингер, Гери Олдман, Џенифер Џејсон Ли-Џејн, Џулијан Мур, Вајат Расел, Брајан Тајри Хенри и Џенин Сералс.
Alone (Сама)
Американски трилер филм од 2020 година, во режија на Џон Хајмс, со Џулс Вилкокс во главната улога.
Заплетот се фокусира на Џесика која е од неодамна вдовица, која решава да се пресели кај нејзините родители и да ја промени околината по смртта на нејзиниот сопруг.
На патот таа здогледува црн автомобил пред неа, кој прво не ѝ дозволува да го престигне, а потоа почнува да ја гони.
На крајот, главниот лик завршува киднапирана и се обидува да избега од него. Трилерот содржи многу реални и застрашувачки сцени на потера, полни со напнатост и возбуда, а актерската игра додава уште поголем кредибилитет на настаните, правејќи ја публиката искрено да се загрижи за хероината.
Главниот антагонист на филмот е јасна референца за Тед Банди, еден од најозлогласените сериски убијци во светот.
Покрај Вилкокс, во филмот глумат Марк Менчака, Ентони Хелд, Џонатан Розентал и Лора Дујн.