NEWSВести

Напад во живо на Инфомакс: Насилник скрши врата и физички се пресметуваше со водителите пред очите на гледачите

Advertisement

Синоќа, нешто пред полноќ, за време на емисијата во живо „Тешки муабети“ на Инфомакс, непознато лице се обиде насилно да влезе во студиото и физички да се пресмета со водителите Милош Милошевски и Александар Митовски. Во студиото гостуваше поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

Хронологијата на настаните започнува во 25-тата минута од подкастот, кога Митовски одговараше на еден од гледачите во живо, користејќи остар тон и коментар од типот „Еве знаеш кај сум, дојди“.

Advertisement

Речиси еден час подоцна, во 77-та минута, се слушнало силно тропање на портата на Инфомакс. „Лупа овој? Па ѕвони во полиција“, рекол Митовски, по што емисијата била ставена на пауза.

По околу десет минути, Митовски повторно се појавил во кадар и изјавил дека лицето ја искршило вратата, влегло во објектот и се обидело да предизвика физички инцидент. Според него, напаѓачот скршил уште две врати и фрлал со предмети, а бил сопрен од Милошевски. Наводно, од камерите било видно дека напаѓачот дошол со такси и реагирал на критики упатени кон премиерот.

Емисијата продолжила околу 4 часот утрото, кога Митовски извести дека полицијата интервенирала и го привела напаѓачот. Според него, лицето ќе биде гонето за насилство и напад на службено лице, а снимањата од инцидентот ќе бидат објавени.

Во емисијата, Митовски додаде дека ваквиот упад можеби бил провокација, потсетувајќи дека сè уште има активна условна казна од шест месеци за оддавање службена тајна — пресуда изречена во 2020 година. Пресудата се однесуваше на објавување записник од сведочењето на Орце Камчев во случајот „Рекет“. Тогаш реакција имаше од ЗНМ, МАН и тогаш опозициската ВМРО–ДПМНЕ, која пресудата ја оцени како пример за политички притисок.

На подкастот „Тешки муабети“ и на порталот Инфомакс редовно се упатуваат критики кон актуелната власт предводена од ВМРО–ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Меѓу темите што често се обработуваат се трагедијата во Кочани со 63 жртви и информациите дека Македонија преговара со Велика Британија за прифаќање одбиени баратели на азил.

Во март годинава, ЗНМ реагираше и на онлајн кампањата со навреди и дискредитации кон Митовски, по објавување снимки од негова средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Од ЗНМ тогаш предупредија дека координираните напади и говорот на омраза можат сериозно да ја загрозат безбедноста на новинарите и да доведат до самоцензура, пишува Мета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button