Реклама
Нега и здравје

ЗА СРЕЌА И ЧОКОЛАДОТО Е НА СПИСОКОТ: Кои се најдобрите намирници за борба против стресот

Реклама

 

3. Темно чоколадо

Маркетинг

Ако се чувствувате лошо затоа што јадете чоколадо – немојте! Стресот ја зголемува желбата за слатка храна што дебели и затоа кога ќе се случи, подобро е да изедете малку темно чоколадо. Истражувањата покажуваат дека земањето 40 грама темно чоколадо на ден помага во борбата против стресот. Чоколадото го стимулира ослободувањето на бета-ендорфин во мозокот, што е корисно кога сте под стрес. Покрај тоа, содржи и супстанција фенилетиламин ПЕС, која го поттикнува чувството на задоволство и еуфорија.

Јадете сурово или темно чоколадо во кое има најмалку 70% какао.

Маркетинг

4. Јаткасти плодови

Кога сте под стрес, вашето тело и ум трошат одредени витамини и други супстанции побрзо од вообичаеното. Јаткастите плодови (оревите, на пример) се одличен извор токму на тие – витамин Б, цинк, магнезиум и омега масла, супстанции кои брзо се трошат во случај на стрес. Оревите природно го балансираат шеќерот во крвта и, генерално, ја намалуваат потребата за шеќер, го регулираат апетитот и го потпомагаат метаболизмот. И не плашете се од мастите од овие плодови. Истражувањата покажуваат дека луѓето чија исхрана вклучува ореви се поуспешни во регулирање на телесната тежина. Значи, зграпчете шака бадеми, лешници или ореви во попладневните часови за полесно да ја контролирате желбата за храна којашто е резултат од стрес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button