Стресот е болест на модерното време, а со тоа е голем непријател на човековото здравје, убавиот изглед и долговечноста.
Стресот е болест на модерното време, а со тоа е голем непријател на човековото здравје, убавиот изглед и долговечноста. Но, не треба да дозволите сосема да го прифатите, туку треба да настојувате што е можно повеќе да се изборите против него. Па, дали сте знаеле дека храната може да ви биде од голема помош во ова? Еве кои намирници ќе ви помогнат да ја намалите напнатоста и стресот, секако, доколку редовно ги консумирате.
Лук
Лукот се користи веќе илјадници години, токму поради неговите силни антибактериски и антидепресивни својства. Лукот ќе ви помогне да го намалите воспалението, помага при циркулацијата и во одржување на рамнотежата на шеќерот во крвта.
Лиснат зеленчук
Тука се вбројуваат брокулата, карфиолот, зелката, кинеската зелка, кељот и ренот. Тие ги стимулираат ензимите во телото, кои се значајни за стопирање и спречување на проширувањето на канцерогените промени.
Камилица
Многумина знаат дека чајот од камилица помага при несоница, нервоза и проблеми со стомакот. Камилицата исто така го зголемува нивото на хипурната киселина која ги спречува инфекциите.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови е познато дека се полни со витамин Б, цинк, магнезиум и омега 3 масни киселини, хранливи материи кои се согоруваат при голема вознемиреност.