Дали сте знаеле дека посотјат намирници кои можете да ги консумирате во неограничени количини, без опасност од здебелување? Овие намирници се најголеми сојузници во борбата против вишокот килограми, затоа што содржат минимален број калории.
Боровница
Боровниците се особено богати со антиоксиданти, кои ќе ви помогнат на вистински начин да ја избалансирате диетата. Покрај тоа, содржат мал број калории, па претставуваат идеална ужина.
Портокал
Познато е дека се полни со витамин Ц, а исто така помагаат при намалување на нивото на холестерол.
Јагоди
Јагодите се неизбежен дел од многу летни диети. Тие се богати со калиум и хранливи влакна.
Диња
Дињата на вистински начин ги задоволува потребите за шеќер, а со неа нема да ја прекршите вашата диета. Таа содржи повеќе од половина од дненво препорачаните дози на витамин А и витамин Ц.