Реклама
BEAUTYНега и здравје

Неколку намирници кои мора да ги имате во фрижидерот во текот на овие летни денови

Реклама

Денес ви претставуваме неколку свежи намирници кои можете да ги додадете во водата, со цел да ја забрзате работата на метаболизмот, а истовремено да уживате во нејзиниот вкус.

Лимон

Лимонот е одличен извор на витамин Ц и е добар за чистење на организмот и регулирање на варењето. Водата со лимон е едноставна за правење. Потребно е само да го исечете лимонот и да го исцедите во чаша со вода.

Свежи листови нане

Нането можете и самите да го одгледувате во вашата градина или на тераса. Поради своите смирувачки својства, помага при желудочни тегоби. Само додадете неколку листови во свежа вода (или вода со лимон) и уживајте.

Маркетинг

Свежи краставици

Краставиците ѝ даваат пријатен и освежувачки вкус на водата. Не само што содржат антиоксиданси и влакна, туку ви помагаат и при отстранувањето на токсините од системот за варење. Исечете една свежа краставица и ставете ја во вода. Почекајте барем два часа, па потоа можете да посегнете по овој освежувачки напиток.

Цимет

Циметот е одличен лек против габи и вируси, а помага и при лошо варење. Ја поттикнува циркулацијата, ги разградува маснотиите и ја регулира гликозата во крвта. Ставете едно стапче цимет во вода и оставете малку да постои, со цел да даде дополнителен мирис.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button