Реклама
Шопинг

Наместо црн, оваа сезона изберете мал бел фустан. Еве зошто …

Реклама

Малиот бел фустан е совршен избор за овој период од годината.

Можете да го носите во најразлични пригоди од прошетка низ град со патики или сандали до свечени моменти со високи потпетици и впечатлив накит. Исто како и белата маица или кошула, белиот фустан ја рефлектира светлината, па вашето лице ќе изгледа посвежо, поодморено и помладо. Избегнувајте ги тенките материјали бидејќи се проѕираат на силна светлина што не можете да го забележите додека се подготвувате. Кај белите фустани исто така важен е и изборот на долната облека, па затоа нека биде во бела или во боја на кожа.

Маркетинг

Добриот модел може да ги сокрие сите недостатоци, но само ако е со крој кој одговара на вашето тело. Доколку сте со покрупна градба, не треба да ја избегнувате белата боја, туку само фустаните направени од материјалот ликра кои ја следат линијата на телото и кои можат да ги оцртаат сите ваши несовршености.

Маркетинг

Малиот бел фустан можете да го носите со сите бои. Со силни нијанси, ќе бидете во центарот на вниманието. Со сребрени и златни металик детали ќе добиете гламурозна и магична комбинација, а со стејтмент сандали и чанта во боја на кожа ќе добиете типичен кежаул изглед кој можете да го фурате дури и преку ден.

Едноставно е – со белите фустани ќе изгледате прекрасно особено за крајот на оваа сезона. Можете да го носите секаде, освен кога треба да се појавите како гостинка на некоја свадба. Тогаш оставете ја белата боја за невестата!

НАШИ ПРЕДЛОЗИ:

Mango £14.99 (-50%)

Zara 3,990.00 MKD

Mango £29.99 (-50%)

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button