Најзгодниот стоматолог од Македонија во поткаст со Сани – „џентлмен не е оној што ќе се паркира со скапа лимузина…“
Скопјанецот Кристијан Георгиев, дипломиран стоматолог од 2006 година, а кој со манекенство активно се бави 25 години во поткаст со Сани ги открива своите размислувања.
Новиот поткаст на Сани е посветен на животниот стил.
„Новиот проект е медиумска рамка во форма на поткаст заснован на содржини од модата и животниот стил.
Идејата се потпира на потребата од ширење на модната култура и културата на живеење во облик на тематски разговори со компететни соговорници, во обид на еден непосреден, разговорен начин, се доловат суштинските сегменти од оваа сфера на животот“ – ни објаснува Снежана Богдановска-Сани.
Темата е мода и животен стил, разработена и дискутирана на базичен и аналитичен пристап со гости кои се релевантни и стручни на темата.
„Со гостите во поткастот ќе зборуваме, меѓу другото, за изгледот на јавните личности, за дрес-кодови, обуката на модните дизајнери, состојбата на македонската модна сцена, модата како самоекспресија, естетки корекции, стереотипи околу возраста и слично“ – вели Сани.
Секако, станува збор за содржина која недостасува и е неопходна во медиумскиот простор, а која досега не е опфатенаа во ниту еден од безбројните форми на поткасти кај нас.
Емисиите ќе бидат поставувани на Јутјуб, а ќе се емитуваат и во рамките на Канал 5 ТВ во времетраење од еден час.
„Многу се радувам на новата можност која Канал 5 телевизија ми ја пружи. Идејата за ваков медиумски пристап ја имам одамна уште пред да ги измислат поткастите кај нас, но ете сега созреал моментот. Се надевам дека публиката ќе умее да препознае и ужива во квалитетен муабет“ – ни вели Сани.
Во продолжение, погледнете ја првата емисија, односно поткаст, во кој гостува познатиот манекен, но и стоматолог, Кристијан Георгиев.