Најздравата билка во светот ја чисти крвта и го зајакнува имунитетот – евтина е, лесно се одгледува, а некои мислат дека е обичен коров
Малите лути листови можеби на прв поглед изгледаат како обичен коров, но токму оваа билка е прогласена за најздравата билка на светот.

Има долга историја – ја користеле уште старите Грци и Римјани, а постојат докази дека Хипократ наредил да се одгледува оваа билка околу изворите кај првата болница што ја основал.
Поточарката е вистински „зелен херој“ во светот на зеленчукот – полна е со витамини, антиоксиданси и корисни растителни соединенија.
Прочуениот лекар, Хипократ, ја користел лековитата поточарка за разни нарушувања на циркулацијата, а на островот Крит и денес се верува дека оваа скромна самоникната билка е делотворен афродизијак.
Малите лути листови можеби на прв поглед изгледаат како обичен коров, но токму поточарката е прогласена за најздравата билка на светот.
Поточарката припаѓа на истото семејство како и кељот, зелката и прокељот. Не само што има пријатен, освежувачки вкус, туку е и преполна со хранливи материи. Една шолја (околу 30 грама) содржи само четири калории, но ги покрива дневните потреби за витамин К, и 24% од витамин Ц и 22% од витамин А. Како бонус, содржи и калциум, манган, железо, магнезиум, фолати и уште многу други микронутриенти.

Поточарката е полна со антиоксиданси – овие соединенија се клучни борци против оксидативниот стрес, кој се поврзува со хронични заболувања како дијабетес и срцеви проблеми.
Едно истражување покажало дека поточарката содржи над 40 флавоноиди (растителни соединенија) и дека од 12 испитани билки – токму поточарката има најсилни антиоксидантни својства.
Содржи и каротеноиди кои го намалуваат крвниот притисок и ризикот од срцев удар, а е богата и со нитрати кои ги шират крвните садови, го намалуваат воспалението и го регулираат крвотокот. Истражувањата укажуваат дека може значително да помогне во намалување на лошиот холестерол.
Витаминот К не е важен само за коагулацијата на крвта – тој е клучен и за здравјето на коските, а една шолја поточарка содржи над 100% од препорачаната дневна доза на овој витамин. Дополнително, обезбедува и калциум, магнезиум, фосфор и калиум – сè што им е потребно на коските за да останат силни.
Една шолја поточарка покрива околу една петина од дневната потреба за витамин Ц, кој игра централна улога во зајакнувањето на имунитетот. Секој што често се соочува со инфекции би требало да ја вклучи поточарката секојдневно – било во салата или супа.
Благодарение на нитратите кои ја подобруваат циркулацијата и го снижуваат притисокот, поточарката може да помогне и во подобрување на физичката издржливост. Оваа здрава билка содржи лутеин и зеаксантин – каротеноиди кои ги штитат очите од штетната сина светлина и го намалуваат ризикот од катаракта и дегенерација на макулата. Витаминот Ц дополнително ги штити очите.

Поточарката може да се јаде сирово, лесно обарена, во салати, сендвичи, супи, со јајца или изблендирана како песто или сос.
Расте самоникнато во влажни предели покрај потоци и реки – како што и самото име ѝ кажува – но може и да се одгледува во градина ако имате навлажнета и сеновита почва. Се сее со растојание од 15 до 30 сантиметри, а листовите можат да се берат веќе по 20-ина дена од сеидбата. Може да се одгледува и во саксија, под услов да ѝ обезбедите доволно влага и сенка.