Брендот „Tony & Guy“ по повод 50 години постоење направи едно интересно истражување за највлијателните фризури во поп културата.
На нивната Топ 50 листа се најдоа неколку очекувани имиња, но и неколку што ќе ве изненадат, додека на самиот врв е прекрасната фризура на Одри Хепберн што таа ја носеше во „Појадокот кај Тифани“.
Волуменизирана пунџа со кратки шишки дефинитивно е најдобрата фризура во последните 50 години. Одри ја носеше со стил, па така таа до ден денешен остана симбол за пунџа, но и за префинета женственост и грациозност.
„Ова е стил кој сите го препознаваат, па дури и оние што не го гледале филмот. Нејзината фотографија со темна коса собрана на врвот од главата додека во рацете држи цигаре е една од најпрепознатливите фотографии во светот на филмот“, вели Саша Масоло Тарбук, глобалниот креативен директо на брендот што го направи ова интересно истражување.
На второ и трето место е Елвис Присли со неговата „рокбили“ фризура, односно „дредлоксите“ на Боб Марли, додека веднаш зад нив е Џенифер Анистон како Рејчел.
На петото место е пунџата на Еми Вајнхаус, додека по неа следуваат Биталси и Мерлин Монро. Принцезата Дајана е на деветтото место, а Бриџиит Бардо на десеттото.
Погледнете ги и другите фризури од оваа листа!
ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА » |